Метални конструкции

Металните конструкции изработени во леарница ,,Идеал, говорат за истрајност, функционалност, економичност, квалитет, лесно поставување, сигурна и паметна инвестиција, незанемарувајќи ја ни малку естетската вредност, за која секогаш водиме внимание.

Панелни фасади

Водени од девизата ,,Не постои втора шанса за прв впечаток”, леарница ,,Идеал го застапува идеалот од функционалност, квалитет и естетика. Изработката на панелни и АЛУБОНД фасади се потврда за ова. Неограничена можност, креација, доловување на Вашата имагинација.

Ентериeр и Екстериeр

Водени од задоволување на потребите на нашите клиенти за елементи со висока трајност, но и согласно светски поддржаното екстериерно и ентериерно уредување со конструкција на елементи од инокс , алуминиум и железо, ја преточуваме Вашата идеја во реализација.

Специјални проекти

Предизвикот за издвоивост од монументалноста го храни нашиот апетит. Со визија за подобро и поинвентивно од секој претходен проект, специјалното – не секогаш значи скапо, недостапно за Вас, нашите специјални проекти укажуваатдека заслужувате да поседувате уникатност. Го заслужувате Вашето парче ИДЕАЛ.

Механичка обработка

Преку процес на механичка обработка до најчистиот и совршен финален продукт. Брусење до идеалната форма. Прецизна точност и површински квалитет. Галантност при металната солидност. Леарница ,,Идеал во чекор со современите технологии, начин на работа и изработка, контрола и иновативност на процесот на механичка обработка.

Консултации

Квалитетниот дијалог го остварува задоволството. Преку стручноста на нашиот тим и вашите идеи и потреби се раѓа енергијата која го води секој проект. За нас, од еминентно значење се консултациите, преку кои продолжуваме да говориме на заеднички јазик. Затоа што времето е бесценето, квалитетот на консултациите е и почитта која ја укажуваме на нашите клиенти.