НАШАТА КОМПАНИЈА

Идеализирајќи го врвниот квалитет при изработката и остварувајќи ја визијата за отпочнување на Прва приватна леарница за високо квалитетен челик во Република Македонија, г-дин Павле Спасов, во 1973 година во Штип, ги поставува темелите на семејната гордост, која растејќи низ децениите, стабилно и напредно ја живее сегашноста независно од конкуренцијата, планирајќи и неуморно работејќи на усовршувањето во иднина, следствено со најсовремените потреби и понуди во својот домен. По своето 15 годишно раководење, основачот Павле Спасов го назначува својот син, г-дин Стојанчо Спасов, за сопственик на фирмата која доживува преименување во ,,Металостругар Идеал”, но и забрзан развој и високо забележан успех во работата, што во 2000 година резултираше со назначување на името на леарницата по кое и денес постои и е претпознатлива – Ливница Идеал ДООЕЛ. Од 2007 година до денес, успешен предводник на овој редок фамилијарен бизнис е сопругата на г-дин Стојанчо Спасов, г-ѓа Ленче Спасова, која достојно ја реализира визијата за семејниот ,,Идеал”.

ВИЗИЈА

Се од првата ливница за квалитетно железо во Република Македонија во 1973 година па до денес, Ливница ИДЕАЛ Дооел, идеално распространета низ претходните години останува ефективна движечка сила, која е наследена од година во година. Прогрес препознатлив по успешното менаџирање и ефективност до целосно изградена империја за својата работа, специјалност и организација.

МИСИЈА

Подобрување на квалитетот на производите, модернизација на технологијата и побрза достава на производите, консистентна супериорност во нашето поле на работа преку призмата на инвенцијата и иновацијата, следејќи технолошка подготвеност, еминентно истакнувајќи го квалитетот и задоволството на двете страни додека колаборираме со нашите партнери и клиенти.

ФИЛОЗОФИЈА

Квалитет претопен во перфекција. Перфекцијата се обликува во ИДЕАЛ.

0
ПРОЕКТИ
0
УСПЕШНИ СОРАБОТКИ
0
КВАЛИФИЦИРАНИ РАБОТНИЦИ
0
ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ